АХВ со нова стратегија за кучињата скитници, домашните миленици ќе бидат чипирани

Facebook
Twitter
Email
Print

В.д. директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, истакна дека во план е изработка на нова стратегија, која што ќе го реши проблемот со кучињата скитници, но притоа ќе ја зголеми контролата и кај домашните миленици.

 

Планот што го презентира в.д. директорот предвидува оние кучиња скитници за кои ќе се утврди дека се агресивни, да се носат на социјализирање. Како и досега нив треба да ги заловуваат општините. Според Атанасов , проблемот треба да се реши системски бидејќи принципот е кучињата да се заловуваат, па по најмногу 30 дена да се вратат на улиците. Како што истакна в.д. директорот, претходно кучињата што се заловувале, само се маркирале и повторно се враќале на улиците.

 

Како позитивен пример за овој начин го истакна кучето од расата ротвајлер, кое пред неколку месеци нападна неколкумина граѓани во Скопје. Тоа било кастрирано, социјализирано и дадено на посвојување во Италија.

 

Законската регулатива ќе биде спроведувана и за домашните миленици, каде што сопствениците што нема да постапат во согласност со пропишаните закони ќе плаќаат големи казни. Од јуни сите што имаат домашно милениче ќе мора да го чипираат, а базата на чипот ќе служи за здравствена легитимација, каде што ќе биде заведен сопственикот на миленикот.

 

Агенцијата за храна и ветеринарство ќе набави 100.000 микрочипови кои бесплатно ќе им бидат ставани на домашните миленичиња. Тендерот ќе чини 18 милиони денари , а постапката со микрочипирањето треба да почне во мај или јуни.

 

Ова законско решение постоеше и досега, но директорот на Агенција за храна и ветеринарство вели дека не се спроведувал во пракса.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира