Бизнис форум меѓу странските инвеститори и домашните компании

Facebook
Twitter
Email
Print

Советот на странски инвеститори и Стопанската комора на Македонија организираат бизнис форум и билатерални средби меѓу странските инвеститори и домашните компании кои имаат потенцијал да станат нивни дабавувачи.

 

На Бизнис форумот ќе говорат Кочо Анѓушев, вицепремиер заменик на претседателот на  задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија.

 

Покрај нив, обраќања ќе имаат и Штефан Петер, претседател на Советот на странските инвеститори и Аврам Стојчевски, претседавач на Асоцијација на автомобилска индустрија при Советот на странските инвеститори.

 

Како што соопшти Комората, оваа активност на деловно поврзување е во согласност со Програмата на Советот на странски инвеститори. Поддршката на ваквиот тип соработка е и еден од приоритетите на Владата на Република Македонија со цел поинклузивна и поинтегрирана економија.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира