Две млади лица од кои едното управуваше мопед, а другото велосипед се судрија во центарот на Прилеп и завршија со големи повредени на рацете нозете и рбетот. За многу кратко време пристигнаа екипите на полицијата, противпожарната служба и Итната помош кои им помогнаа на повредените. За среќа ова беше само симулација на една ваква несреќа.

„Демонстриравме показна вежба за сообраќајна нессреќа помеѓу мопед и велосипед. Целта на оваа демонстрација беше да видат граѓаните дека нашите служби можат да интервенираат брзо и ефикасно при случај на животозагрозувачка ситуација“, изјави д-р Андреј Ристески, Итна помош Прилеп.
Настанот е организиран од Здружението на медицински сестри, акушерки и стоматолошки сестри „За Нас“, ОВР Прилеп, ТППЕ Прилеп и Итната помош по повод 12 мај Меѓународниот ден на медицинските сестри. Пред се целта на настанот е да сврти вниманието кон оваа профгесија за која мединцинските сестри бараат подобри услови. Само во Прилеп недостигаат 20% од потребниот број на медицински сестри.
„Бидејќи не сме доволно платени, не се доволно почитувани сестрите, се деградирани во општеството и професијата, се соочуваме со сестри кој долги години работат со договор на дело, бараме тоа да се укине. Ниските плати би споменала конкретно во примарното здравство каде голем дел од овој персонал е на минималец“, рече Елизабета Настеска, Здружение на медицински сестри, акушерки и стоматолошки сестри „За Нас“.
Како дел од настанот беа и учениците од средното училиште СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп од здравствената струка кои бесплатно мереа шеќер и притисок за присутните граѓани.