Општина Прилеп и Велосипедски клуб и сервис „Илинден“ ве покануваат на уште едно незаборавно велосипедско дружење!
Во недела, 25 мај, во 11 и 30 часот започнува традиционалниот настан, кој е одлична можност за рекреација, дружење и поттикнување здрави навики „Сите на велосипед“. Како и претходно, патеката на движење е од Прилеп до селото Мало Коњари и назад. Официјалниот старт на турата е во 12 часот од пред „Реклами“.
Повелете со вашите велосипеди да го раздвижиме Прилеп заедно!
