Заев: Користењето на кратенката Република С. Македонија е понижување и противуставно

Facebook
Twitter
Email
Print


Противуставно е користењето на кратенката С. Македонија, изјави премиерот, Зоран Заев, и додаде дека тоа е понижување за државата и непочитување на Уставот.

„Нашата држава се вика Република Северна Македонија, не е Република С. Македонија. Тоа е понижување кон државата и Уставот на државата, секако и Преспанскиот договор кој прерасна во Закон со ратификацијата во Собранието, а кај нас тоа е преточено и во Устав. Јас можам да разберам дека некој не се согласува со вакцините и слично, но сите се согласуваме со демократијата. Демократијата вели тоа е новиот Устав кој што е изгласан со двотретинско мнозинство заради идните перспективи на децата, на младите, на нашите интеграции во НАТО и во ЕУ. Односот кон Уставот на државата кажува секој поединец каков е всушност. Останува на сите поединци пред се на политички субјекти кои што се лош пример, да го променат тоа во иднина затоа што тоа е нашата реалност, тоа беше бреме едно кое што надвиснуваше 27-8 години над нашата земја, ги кочеше идните перспективи, пред се на идните генерации “, вели Заев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира