Марјан Димески 3-то место на Европскиот Куп за Ветерани во Хамбург – прв европски медал за Прилеп во џудо


Членот на ЏК Сеишин-Прилеп, го донесе првиот европски медал за Прилеп во џудо спортот. Марјан Димески освои 3 то место (бронзен медал) на Европскиот Куп за Ветерани во Хамбург Германија, категорија М7 до 90 кг.

„На овој Европски настапија околу 200 џудисти од 27 Држави од 3 континенти. Ова е прв медал од ваков ранг за прилепското џудо и тоа освоен од највозраснита категорија џудисти кои се едни од ретките во нашата држава и практицираат џудо во Прилепскиот џудо Клуб СЕИШИН. Се надеваме дека ова ќе биде силен импулс за помладата генерација џудисти пред кои претстојат натпревари од ваков ранг“, велат од ЏК Сеишин-Прилеп.

 

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира