Најмалата куќа во Британија е широка само 1,82 метри, нема ни тоалет


Jан Тајли е сопственик на најмалата куќа во Британија, во Северен Велс. Куќата веќе 100 години е во Гинисовата книга на рекорди.

Куќата има само 2 соби, една над друга, нема тоалет, само мијалник. Висока е 3,9 метри и широка само 1.82.

Сопственичката на куќата, ја одржува како туристичка атракција 6 месеци во текот на годината.

„Куќата е во моето семејство пет генерации. Мојот прадедо ја купил куќата во 1891 година, но градските власти по 9 години му кажале дека е премала за да биде куќа и сакале да ја срушат. Тој за среќа бил добар пријател со уредникот на локален весник, кој покренал кампања за сите да дознаат дека тоа е најмалата куќа во Британија, и секако испаднало дека се работи за најмалата куќа и градот одлучил да ја остави“, истакнала Јан за „The Mirror“.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира