Во овие моменти, кога жителите на Гостивар се соочуваат со последиците од неисправната вода за пиење, Прилеп уште еднаш има можност да ја покаже својата хуманост и солидарност.
Се повикуваат сите граѓани, институции и компании, во рамките на своите можности, вторник (21 јули) и среда (22 јули), да донираат флаширана вода за пиење. Собирниот пункт е поставен на Камената бина на плоштадот „Александрија“.
Секое донирано шише вода е значајна помош и директна поддршка за семејствата од Гостивар кои во моментов се соочуваат со оваа состојба.
Да покажеме дека Прилеп знае да подаде рака кога е најпотребно и дека заедно можеме да помогнеме таму каде што помошта е најнеопходна.