Министерот за здравство Венко Филипче преку својот „Твитер“ профил соопштува официјални информации за жртвите и преживеаните во вчерашната несреќа во пожарот на ковид-центарот во Тетово.
„Би сакал да информирам со големо жалење дека во вчерашната несреќа при пожар во Ковид центарот во Тетово загинаа вкупно 14 лица. Во Ковид центарот за време на пожарот имало вкупно 26 пациенти, останатите 12 се на лекување во тетовската болница и се надвор од животна опасност.
Нема настрадани здравствени лица, неколкумина се со полесни повреди. Изразувам искрено сочувство до семесјтвата на загинатите и длабоко жалење за страотната несреќа.
Во текот на денот постојано ќе информираме за сите нови детали околу случајот, апелирам до медиумите и граѓаните да ги следат официјалните информации и да се воздржат од шпекулации за овој немил настан“, пишuува Филипче.