Акција во центарот на Прилеп – се делеа шишиња вода и флаери со совети за справување со енормно високите температури

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Денес, Општина Прилеп во соработка со Црвен крст Прилеп, спроведе акција за делење вода за пиење на граѓаните и случајните минувачи во центарот на градот. Оваа активност е дел од заложбите за заштита на здравјето на граѓаните во услови на енормно високи температури.

 „Поради екстремните горештини, како Локална самоуправа апелираме до сите граѓани да бидат особено внимателни и да ги почитуваат препораките на Владата и стручните служби.

Препорачуваме:

– Да се избегнува престој на отворено во периодот од 11:00 до 17:00ч

– Да се внесуваат доволно течности

– Да се носи лесна и светла облека

– Постарите лица, малите деца и хронично болните да бидат под посебно внимание

Здравјето е на прво место!

Грижата за заедницата не е само обврска – таа е наша заедничка одговорност.“, велат од Општина Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми