Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) апелира до мрежните оператори за електрична енергија да ги преземат сите мерки за враќање на нормалното напојување со електрична енергија во целата држава, изјави денеска за МИА претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.
„Знаеме дека веќе се преземаат сериозни активности, и дека во услови каде што има и снег, во одредени делови е вратено напојувањето со електрична енергија, но, уште еднаш апелираме да се врати напојувањето на територијата на целата држава“, изјави Бислимоски.