Министерот за економија, Крешник Бектеши во „Клик Плус“, не ја исклучи можноста дека рестораните за свадби можат да бидат отворени од крајот на мај.
„Верувам и во дискусиите што ги имаме во кризниот штаб дека од некаде кон крајот на мај ќе биде дозволено да отвораат свадбените ресторани, земајќи го предвид трендот на опаѓање на нови случаи“, изјави Бектеши.
Рестораните за свадби повеќе од една година се веќе затворени, не се дозволени свадби и други поголеми семејни веселби поради пандемијата. Во моментов се затворени и другите угостителски објекти поради третиот бран.