Бидете дел од креирањето на подобар и поубав Прилеп, пополнете ги прашалниците – Во каков град сакаме да живееме?

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми



Општина Прилеп во координација со Министерството за транспорт  е во фаза на изработка на План за одржлива урбана мобилност (Susteinable Urban Mibility Plan – SUMP), чии резултати во иднина ќе придонесат во подобрување на пристапноста, промовирање на здравјето и безбедноста на граѓаните, поддршка на економскиот раст и ублажување на влијанијата врз животната средина.

Сето ова ќе се постигне преку подобрување на патната инфраструктура, промовирање на одржливи начини на транспорт и усвојување на иницијативи со ниска содржина на јаглерод, насочени кон намалување на емисиите и оптимизирање на протокот на сообраќај, што за градот Прилеп ќе биде од големо значење.

За подобро идентификување и дефинирање на проблемите со кои се соочуваме во Прилеп, Ве молиме да одвоите десетина минути од вашето време и да ги пополните овие два анкетни прашалници.

ПРВ АНКЕТЕН ПРАШАЛНИК!

ВТОР АНКЕТЕН ПРАШАЛНИК !

Однапред Ви благодариме !!

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми