Благоја Бошкоски – Окото организира бесплатен ручек за социјално загрозени граѓани за празникот Благовештение во црквата Параклис

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Познатиот прилепски бизнисмен и хуманист, човек кој им помогнал на многу мина кога тоа им било најпотребно, Благоја Бошкоски – Окото, за големиот христијански празник Благовештение, организира бесплатен оброк за социјално загрозени граѓани во црквата Свети Кирил и Методиј – Параклис. Граѓаните може да дојдат во црквата од 11 до 15 часот и да си подигат ручек.

Бошкоски вели дека оваа идеја сакал да реализира веќе неколку години и ете дошол моментот кога истото може и да го направи.

„Се вели дека поблажено е да се дава отколку да се прима. Дека е блажено да се помага на луѓето. Бог не учи и советува да мислиме и правиме добри дела, со чисто срце, а не дека мораш. Мотив за оваа хуманитарна акција ми бепше да се помогне на посиромашните граѓани од Прилеп со еден ручек, но вистински од срце и со мои лични средства.

Задоволен сум што ми се даде шансда да се оствари дамнешната желба која во мене тлееше неколку години. Но не знаев како да ја исполнам и остварам мојата благородна идеја. Целта ме беше да направам една добра работа, едно добро дело. Сакам да помогнам и да дадам ручек за посиромашните граѓани од Прилеп и тоа на големиот христијански ден Благовештение, познат кај народот како Благовец. Ги повикувам на ден 07.04.2025 година во црквата Свети Кирил и Методиј – Параклис, во понеделник од 11 часот до 15 часот, да дојдат и да се почестат со ручекот.

Преедлагам и посакувам оваа идеја да стане традиција на големиот празник Благовец, да се помога на посиромашните граѓани од Прилеп и пошироко и со други добри дела. Се чувствувам задоволен, исполнет и спокоен, со благодарност и убаво чувство. Сметам дека можеме да им помагаме на луѓето на различни начини, затоа што смислата на постоењето е да помагаме на луѓето.

Ја искажувам благодарноста до Центарот за возила Прва Прилеп, Брокерското друштво НОБ Скопје и Друштвото за наука и уметност од Прилеп, за поддршката и помошта што ми ја даваат“, вели Бошкоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми