Букет од песни – Осмомартовски концерт на октет Прилеп

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Октетот Прилеп на 11 март од 19.00 часот во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“ ќе одржи Осмомартовски концерт, кој стана веќе традиција и секоја година се одржува во чест на празникот на жената.

На програмата се извонредни староградски композиции кои се дел од богатиот репертоар на октетот низ годините.

„Душо моја прости ми“,

 „Марие дилбер бела Марие“,

 „Кате, Кате лично моме“,

 „Дигни си Маре очите“

„Никнало цвеќе шарено“,  

„Добро утро  Прилеп мој“ и други.

Октетот Прилеп 30 години ја негува староградската песна и настапува на сите фестивали во земјата за староградска музика. Работи под покровителство на ЦК „Марко Цепенков“ и годинава неговата дејност е поддржана и од Министерството за култура и туризам.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми