ВИДЕО – Во храмот Св. Петка се одржа вториот Божикен награден ликовен и литературен конкурс „Рождество Христово Божик во нашиот дом“

Денеска е Бадник, ден пред еден од најголемите празници во христијанството – Рождеството Христово Божик. Денеска се прават последните подготовки на верниците кои со радост се во исчекување на овој момент и средбата со Витлеемскиот Богомладенец. Самиот збор Бадник има црковнословенско потекло и значи да се биде буден, односно да се бдее.

Така повикуваме овој ден и престојната бадникова ноќ да ги поминеме будни, се мисли на духовно будни, за да можеме достоинствено да го пречекаме важниот гостин и преку причесната да се соединиме со богомладенецот, па така нашите срца, нашите души и нашите домови да станат вистинска витлеемска пештера, во која ќе обитава блаженствената благодет“, рече отец Љупче Петрески, в.д. намесник на храм Света Петка.

На овој ден втора година по ред во црквата Света Петка во Прилеп се одржува Божикниот награден ликовен и литературен конкурс на тема „Рождество Христово Божик во нашиот дом“. Годинава за разлика од лани бројот на творби кои пристигнале од децата кои учествуваат, од сите основни училишта, е околу 500, што е двојно повеќе за разлика од лани.

Кандидатите, учесниците од основните училишта во Прилеп се поделени во 2 категории, од 1 до 5 одделение и категорија за поголеми од 6 до 9 одделение. Творбите ги оценува жири комисија, стручно жири, составена од 2 наставници по македонски јазик и 2 наставници по ликовно образование во средните и основните училишта. Секој од селектираните, од наградените, од пофалените ученици, впрочем сите учесници ќе добијат награда, како пофалница, икона, библија за млади, а за наградените учесници храмот обезбеди богати награди со поддршка од одредени фирми и семејства од Прилеп, кои го препознаа овој проект“, додаде Петрески.

Наставниците кои се дел од Комисијата за селекција за овој настан се презадоволни од творбите кои го подигнале својот квалитет за разлика од минатата година, а децата се повеќе се запознаваат со празникот Божик и Рождеството Христово.

Децата да го оправдаат она што сака црквата да го каже, значењето на Божиќ, значењето на Бадник, верата и семејството како основна клетка во општеството. Тие напишале толку убави состави и свативме сите ние, зборувам во име на комисијата, колку децата умешно     успеале да допрат до се она што се бара од нив. Ја сватиле пораката дека семејството како клетка на општеството е најјаката нишка во едно општество, бидејќи семејството е тоа од каде извираат нашата вера, традиција и да го ставиме тука и јазикот“, изјави Павлина Зафироска Чочкова, пензиониран наставник по македонски јазик.

 

Ни создаде една мала главоболка, позитивна во секој случај, затоа што имаше многу заинтересирани кандидати, многу цртежи, многу успешни цртежи. Врз база на сето тоа се направи една извесна селекција, знаете секогаш кога има некаков конкурс имате ситуација кога се најдувате во незгодна прилика да треба да се направи извесна селекција, да се направи избор на најдобри, извор за пофалени, избор за изложени дела и заради таа причина направивме една извесна селекција со која ги издвоивме најдобрите од добрите“, истакна Александар Џинго, уметник и член на Комисијата за оценување.

 

 

Годинава дел од овој настан беа и учениците од III 3 одделение од ООУ „Блаже Конески“, под менторство на наставничката Весна Арсиќ, кои по втор пат за овој ден подготвија прекрасни црковни мелодии. Годинава тоа беа песните „Тивка ноќ“ и „Вечниот Бог“ за кои снимија и видео спотови.

За време на воннаставните активности, ние со нашата наставничка Весна Арсиќ работиме на голем број проекти и работилници, по разни поводи, основи, или образовни“, изјави Андреј Златески, учесник на настанот.

 

Создаваме дела видеа, ги прикачуваме на нашиот Јутуб канал, дела кои ќе не потсетат на нашето детство, на нашите школски денови“, вели Стефан Стојчески, учесник на настанот.

 

Така настанаа и овие видеа, овие дела, снимањата на песните „Тивка ноќ“ и „Вечниот Бог“, рече Бојан Сливјаноски, учесник на настанот.

 

Минатата година работевме на проект за Христовото воскресение“, истакна Дариа Чадамова, учесник на настанот.

 

Оваа година заедно со нашата наставничка решивме да направиме проект за Христовото раѓање, малку поразличен од останатите“, вели Георги Митрикески, учесник на настанот.

 

Различно е тоа што заедно со нас пееше и црковниот хор „Св. Петка“, а не придружуваа на инстирументи и врвни музичари“, рече Петар Ангелески, учесник на настанот.

 

Работевме околу 15 дена, учевме и вежбавме пеење. Училницата ечеше, ние бевме среќни и радосни“, истакна Стефан Афремоски, учесник на настанот.

 

Сите се трудевме, си помагавме и се поддржувавме“, вели Татјана Јанкулоска, учесник на настанот.

 

Пред нас е нов предизвик, ново доживување, ново искуство“, додаде Ања Ѓорѓиевска, учесник на настанот.

 

Некогаш ни е тешко да ја следиме нашата наставничка со проектите, но знаеме дека таа тоа го прави за наше добро, се за нас, со цел да се развиваме во секој сегмент низ воспитно-образовниот процес“, кажа Адријан Шошески, учесник на настанот.

 

Но ние не застануваме тука, продолжуваме со нови предизвици во новата 2025 година. Христос се роди, навистина се роди! За многу години!“, рече Матеја Грижоска, учесник на настанот.

 Амбициите и целта е овој настан да стане традиционален и од година во година да расте и по квалитет и по квантитет и што е можно повеќе млади да бидат вклучени во него.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи