ВИДЕО- Дали откупувачите на тутун ќе понудат повисоки цени ќе се знае идната недела, тутунарите бараат и измени на Законот за тутун


Во тек се преговорите помеѓу тутунарите и откупувачите за правилата на игра како ќе се одвива откупот на тутунот за новата реколта, но засега нема ништо конкретно. Понудите со цени веќе биле пристигнати кај Сојузот на тутунски здруженија, но законски не смееле да ги откриваат се четврток кога јавно ќе ги соопштеле. Тутунарите бараат и повеќе законски измени.

„Забрана за увоз на ароматичен суров тутун, враќање на ингиренциите на Сојузот, без согласност на Сојузот да не можат да договараат цени и договори и баравме измена на член од Законот за полагање за добивање на лиценци не само на носителите на стопанството, односно на договорот, туку и на потесното семејство“, рече Кире Ристески, претседател на Сојуз на тутунарски здруженија.

Тутунарите бараат исто така и враќање на откупот во класи, а не како годинава се во една класа, но и тоа не се знае дали ќе се постигне.

„Тоа е во зависност од цените како ќе ги понудат откупувачите, дали ќе одат по класи. Ние бараме да се врати нормалната проценка, но со зголемување на цените, не со овие постоечки цени кои се досега“, кажа Јусуф Ибраими, тутунар од долненско село Житоше.

Досега се откупени 24.163.000 килограми на тутун по просечна цена од скоро 400 денари. Според Сојзуот на тутунари имало уште 40-тони неоткупен тутун, но сега откупувачите започнале да купуваат само сув тутун.

„Секојдневно сме во контакти со откупните компании за да го купат тутунот, но компаниите го купуваат само сувиот тутун. Значи влажен тутун, недосушен, жив тутун не купуваат. Мислам дека до крајот на оваа недела, односно до завршувањето на оваа откупна реколта, до 28 февруари ќе се купат  сите количини  кои се нормални.“, истакна Кире Ристески, претседател на Сојуз на тутунарски здруженија.

Идната недела ќе се знаат поконкретно ставовите и на тутунарите и на откупувачите за дел од овие дилеми, а најважно од се дали ќе има покачување на цената на тутунот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи