ВИДЕО– Со години нема вработување на социјални работници во државните институции- дали оваа професија се потценува кај нас?


Иако согласно законот, потребите и секојдневните случувања освен Центрите за социјална работа, социјални работници треба да имаат вработено и образовните установи, училиштата, градинките, домовите за стари лица, здравствените центри и болници, полициските станици, како и голем број државни установи, тоа за жал не е така. Кај нас оваа професија е потценета пред се од самата држава која што не одобрува вработување на ваков кадар. Според социјалните работници и експертите доколку една установа има ваков кадар, истиот ќе помогне во намалување на потребите за решавање на голем број случаи кои сега се оставени само на Центрите за социјална работа.

Социјалниот работник кога би бил во тимот, психолошко-педагошкиот тим, сметам дека ќе може со оглед на нашата научна работа, социјална работа во образование е посебна гранка која што може и која има насоки за постапување како треба социјалниот работник да постапува во процесот. Професијата социјален работник е или малку потценета, или недоволно ценета во нашето општество, а на крајот на денот сите се обраќаат помалку или повеќе во Центарот за социјална работа“, истакна Зоран Малковски, директор на Центар за социјална работа Прилеп.

Последен пример за овааа состојба е тоа што прилепската болница нема социјален работник веќе 3 години. Истото се случува и во голем вакви установи. Во Прилеп социјални работници има само во ООУ Добре Јованоски, домот за стари лица, и Центарот за социјална работа. Иста или полоша е состојбата и во другите градови.

Ние сме дежурни 24/7, еден од моите колеги редовно дежура во текот на една недела, се сменуваме, меѓутоа врската кога би имало социјален работник во сите овие институции, па дури и во овие од приватен сектор каде што има поголем број на вработени, колените можеме да ги детектираме од базата. Не секој сака да дојди во Центарот за социјална работа и да биде виден дека доаѓа во Центарот“, вели Зоран Малковски, директор на Центар за социјална работа Прилеп.

Бидејќи овие вработувања зависат од државата, клучот за решавањето на овој проблем единствено го има само Владата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи