ВИДЕО – Државата голем прекршител на работничките права – 70% од судските спорови во Прилеп отпаѓаат на работните односи

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


И во 21 век работничките права во Македонија наголемо се кршат, а за да апсурдот биде уште поголем најголемиот прекршител на тие закони е самата држава. Односно околу 70% од вкупниот број на процеси што се водат во прилепскиот Основен суд отпаѓаат на работните односи. Работниците најмногу тужат за неостварени надоместоци од работен однос и тоа вработените во МВР, Одбрана, болниците, пожарникари, општинската администрација и јавните претпријатија.

„Неисплатени надоместоци во вид на парични средства кои се загарантирани со закон, општиот колективен договор и колективните довори на ниво на гранка.  Тие се однесуваат на надоместоци за сменска работа, надоместоци за храна за време на ноќна работа, надоместоци за патни трошоци, бонус на плата, регрес за годишен одмор и ред други надоместоци“, истакна Талија Петреска, правен консултант во проектот.

Според бројот на тужби може да се забележи дека повеќе тужат вработените во јавниот сектор, отколку оние во приватниот.

„Работниците во државниот сектор сектгор се охрабруваат и се осмелуваат да поднесат тужби од причини што станува збор за голем дел на работници. Не за поединечен работник кој што би поднесол една тужба. Тука се стотици и илјадници кои одат сите заедно и едноставно заедно сме посилни и претпоставуваат дека иако тужат сите заедно не би можеле да добијата колективен  отказ сите заедно. За разлика од приватниот сектор каде станува збор за фирми кои се далеку помалку на број, каде што доколку еден или двајца работници би поднеле тужба за надоместоци за работен однос веднаш би добиле отказ од страна на работодавецот“, додаде Петреска.

За намалување на дел од овие прекршувања Центарот за граѓанска иницијатива – Прилеп го реализира проектот „Нејзин глас – нејзина моќ: зајакнување на маргинализираните жени и девојки во Пелагонија“, каде на работниците им се нудат бесплатна правна и психо-социјална помош.

Проектот се реализира во партнерство со Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ – Прилеп и Мултиетничко здружение за сите возрасти с. Црнилиште Долнени, а е финансиран од Цивика мобилитас.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми