ВИДЕО – Започна одбележувањето на 11 Октомври – граѓаните порачаа да се чува историјата и да не се ревидира


Со пригодна програма, импровизиран напад на градот и традиционалниот огномет вечерва во Прилеп започна одбележувањето на 82 годишнината од подигнувањето на востанието против фашистичкиот окупатор. Револуцијата започнува со убиство на стражарот на бугарскиот Участак. Во истиот момент друга група пак на партизани го напаѓа затворот во Прилеп, а третата група ги прекинува телефонските врски и електричната инсталација, за да не може воениот гарнизон во Прилеп да биде информиран за нападот.

11 Октомври е симбол на македонскиот непокор и прво ослободително востание, после кое се создава современата македонска држава. Партизаните само го продолжиле револуционерниот од на многу борбени генерации од минатото кои се бореле за создавање на македонска држава. Сето ова било на крај заокружена со АСНОМ т.н. втор Илинден. Градоначалникот на Прилеп вечерва порача дека во овие моменти требало цврсто да застанеме кога се во прашање нашите национални интереси, доколку сакаме да го продолжиме патот кој е започнал пред 82 години.

„Со нашето празнување сега, оддаваме почит на хероите од нашата голема и богата македонска историја. Но за жал сеуште, а посебно сега во овие исклучително бурни времина за македонската држава, кога го негираат нашето постоење, мораме да останиме цврсти, одлучни и сплотени на браникот на татковината и доколку е потребно секојдневно ќе докажуваме за нашиот јазик, за нашата историја и за нашето постоење“, рече Борче Јовчески.

 Граѓаните се горди на овој ден и порачуваат да се чува историјата и да не се дозволи на никого истата да ја ревидира затоа што спомените се уште се свежи.

 „Овде во овој објект, во Участакот мајка ми е мачена со жешка пегла на грбот горена од тие бугарски фашисти и затоа ме врзува секоја година да дојдам, да го посетам Участакот и да видам каде е мачена мајка ми. А не некој сега ќе ми кажува дека биле администратори, фактички газди на овој дел“, вели еден прилепчанец.

 

„Бугарите биле окупатори, не окупирале имало напад, се знае како оди редоследно Востанието и затоа дојдовме тука во музејот да оддадеме почит“, вели друг граѓанин.

 

„Мојата порака е младите генерации, да учат, да читаат да осознаваат, затоа што така знаеме кои сме, од каде сме и до каде сме стигнати“, додаде друга граѓанка.

 

„Горди сме што овој празник е наш и да не дозволиме да ни го земи некој, тоа е наш македонски празник“, истакна трета граѓанка.

Чествувањето продолжува утре положување цвеќе и оддавање почит пред спомениците на Методија Андонов Ченто, Кузман Јосифоски Питу и Могилата на Непобедените.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи