Извидничкиот одред „Феникс“ од Прилеп одбележа 10 години од своето постоење. Младите од Прилеп една декада имаат можност да бидат дел од најголемата младинска организација во светот. Да се запознаваат со нови пријатели, да учат нави вештини и да станат подобри луѓе кои ќе градат подобро општество за сите.

„Многу сме горди што го постигнавме ива и 10 години успешно нашата организација опстанува во пелагонискиот регион и исто така се радуваме дека оваа приказна ќе трае. Имаме поставено структура која што ќе трае и многу би биле среќни доколку уште повеќе млади би се приклучиле на нашето движење“, рече Ана Плетварец, старешина на извиднички одред „Феникс“.
„Ќе направиме осврт на целата програма на Одредот, дел од таа програма вклучува и кампови, како есенски традиционален камп, Фениксија – камп кој што ги опфаќа сите извидници од Македонија во вид на натпреварување, летен камп, потоа месечната активност како што е лигата и целата оваа програма извидниците од Прилеп може да ја уживаат доколку се зачленат во нашиот одред“, вели Дино Релушкоски, началник на извиднички одред „Феникс“ од Прилеп.
Извидништвото е одлична можност младите да се тргнат од телефоните и компјутерите, да се социјализираат и да ја засакаат природата. Извидништвото е дел од неформалното обзразование.
„Како дел од нашите активности ја имаме Фениксија која како камп се одржува секој месец мај во селото Штавица каде доаѓаат извидници од цела Македонија, имаме околу 2.500 членови низ целата држава, во Прилеп таа бројка е околу 100. Целта на извидништвото е децата да се оттргнат од компјутерите, да поминуваат повеќе време во природа, да се социјализираат едно со други, да развиваат пријателства“, додаде Александра Стојаноска, старешина на извиднички одред „Феникс“.
Извидништвото во Македонија во моментов е во подем, има 24 извиднички одреди со над 2.500 извидници, во кои голем дел се деца на возраст од 7 до 16 години.