ВИДЕО- Итната помош од Прилеп доби 3 нови возила, но недостасуваат уште 4 лекари, 8 медицински сестри и 6 шофери

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Итната помош од Прилеп доби три нови возила со што бројот на возниот парк на оваа служба сега се искачи на 9. Според раководството на општата болница Прилеп овие возила ќе го задоволеле моменталниот недостог кој што постоел. Инаку Итната служна на Прилеп ја покрива најолемата територија во Македонија, опслужувајќи ги и општините Долнени и Кривогаштани.

„Опремени се со целосна опрема за потребите на пациентите, за разлика од претходните кои беа со адаптирана опрема, со импровизирана опрема. Овие нови 3 возила се фабрички со целосна опрема за пациентите, како за во градот Прилеп, така и за тие што ќе бидат транспортирани во Скопје. Најважно е тоа што имаме дефибрилатор на високо ниво, кој автоматски 3 пати со ред се стартира, има кислород, има опрема за имобилизација при сообраќајки, скршеници, мониторирање на пациентите за кислород, екг, респиратор...“, истакна Кире Јоноски, директор на општа болница Прилеп.

Но се уште останува проблемот со доекипрањето на Итната помош и вработувањето на лекари, медицински сестри и друг вид на персонал.

„Потребни се за жал и доктори, медицински сестри посебно, шофери исто така, но има некои позитивни сигнали дека во најскоро време ќе бидеме освежени со медицински кадар, така да ќе бидеме во можност да одговориме на предизвикот од нашето секојдневие. Во моментот недостасуваат 4 доктори, 8 медицински сестри и 6 шофери“, кажа Боше Милошески, начални на Итна помош Прилеп.

Од локалната самоуправа велат дека секогаш ќе бидат поддршка на општата болница Прилеп за нивните барања.

„Се надеваме дека во следниот период, со динамиката која што ја имаат фатено дека и самата установа ќе може да влезе во инвестициски циклус, односно да ги поправа сите работи за кои директорот кажа дека ги имаат како недостатоци, а ние како додадена вредност на Општата болница, како локална самоуправа ќе разговараме и со општествено одговорните компании, но и ќе ги користиме врските во централната власт за да се искористи сѐ што може, она што му следува на Прилеп, дури и повеќе од тоа затоа што Прилеп заслужува да се развива“, додаде Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

Инаку прилепската болница опслужува150.000 пациенти од регионот, на дневно ниво болницата обезбедува здравствени услуги за повеќе од 1.000 пациенти, а располага со стационарен капацитет од околу 345 болнички кревети.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци