Искрено мое сочувство, како што кажаа и градоначалникот и Ирена нема зборови со кои може да се опише жалоста за трагично загинатите. Вечна им слава, цела Македонија е со нивните семејства, ова го истакна на деншниот прес Александар Крстески, претседател на Здружението „Марков град Прилеп“, организатори на турнирот во мал фудбал „Свети Никола“.
„Традиционалниот турнир исто и оваа година како и претходната ние како организатори ветуваме дека повторно ќе имаме успешен турнир. Оваа година е планиран турнирот да се одржи во двете сали во средното училиште „Ристе Ристески – Ричко“ и основното училиште „Добре Јованоски“. Знаете дека имаме технички проблем поради кој не ни ја даваат салата Тутунски комбинат. Бладагорадност до директорите и градоначалникот, бидејќи максималниот капацитет на градот го искористуваме за времетраењето на турнирот. Турнирот е планиран да биде од 8 декември до 24 декември, после 18:00 часот во двете сали, од кои салата во „Добре Јованоски“ би ја користеле повеќе за младите категории, додека возрасните и сениорите ќе играат цело време во салата од „Ристе Ристески – Ричко“.
Форматот е истиот како од лани, 32 екипи, со тоа што ако има повеќе екипи ќе вметниме во секоја група по уште една екипа плус, знаете дека интересот е голем бидејќи имаме традиција. Секоја година имаме големи награди, оваа година го зголемуваме фондот од 240.000 на 260.000 за прво место, за второ од 120.000 на 130.000 и за трето место од 60.000 на 70.000 денари.
Исто така турнирот како и секој година ќе има и хуманитарен карактер, заедно со генералниот спонзор „Комфи Ангел“ и дел од средствата доколку останат. Благодарност до фирмите, Стопанската комора и градоначалникот, затоа што без нив сигурно турнирот не би бил како што треба. Да напоменам дека на овој турнир ќе продефилираат некаде околу 800 учесници, што сениори, што јуниори и сигурно во овие училишни сали ќе имаме околу 3-4.000 илјади луѓе кои го следат турнирот.
Новитет оваа година е што после 8. финале сите утакмици ќе одат во живо на стрим, а полуфиналните и финалните натрпевари ќе ги коментираме со коментар во живо на страната на Општина и Радио Пела.
Друг новитет во врска со натпреварувањето е во четвртфиналните, полуфиналните и финалните утакмици ќе имаме враќање на ситуација или по нов ВАР систем. Доколку има некоја ситуација која пречи на утакмицата, или пак спорна ситуација судијата има право да ја прегледа таа ситуација и да одлучи правилно за да нема оштетување на екипите“, истакна Крстески.