Нереални и скапи цени, падни – стани тендери, одолговлекување на постапките со жалби, сомневања за корупција и криминал, уценувања, ученици кои пропуштаат настава бидејќи нема со што да стигнат до училиштата, ова се само дел од предизвиците со кои општините со години се соочуваат при превозот на учениците. Најголемиот дел од општините кај нас немаат сопствен превоз на ученици па мора да користат други оператори.

Општина Кавадарци е еден пример каде што целокупниот превоз на ученици го врши Јавното претпријатие за градски превоз на Општина Кавадарци. Сега имаат капацитет од 14 возила и го покриваат превозот на учениците не само од Кавадарци, туку и од соседните Општини. Се превезуваат околу 625 ученици од средно и основно образование, а истите се земаат од 22 локации.
„Опфатени се сите дестинации од каде што има ученици на кои што им следува превоз. Значи тука се и приградските населби, во Кавадарци ги има Ваташа, Марена и Сопот, селата кои се во опфат на град Кавадарци, возиме и деца и од други општини како Росоман, а исто и децата од општина Демир Капија со пропратните села, општина Неготино со нивните села. Значи тоа се тие 22 локации, не само од нашиот град, туку секое дете кое има право да користи бесплатен превоз, ние се грижиме да тоа дете да стигне на школо во точните термини и ги враќаме назад во одреден временски период“, вели Александар Ѓорѓиев, директор на ЈП Градски прев
Од Општината велат дека со воведувањето на овој начин на превоз бенефитите биле повеќе кратни. Прво превозот бил поевтин и сите пари завршувале во Општината која ги реинвестирала во нови проекти за граѓаните. Немало тендери, договори, и целиот процес бил полесен за менаџирање, а учениците добивале поквалитет превоз.
„Заштедата е една работа, бенефит кој го имаме ние како јавно претпријатие со кое вршиме превоз на учениците. Друг сегмент е што многу е полесно и на училиштата да се организираат бидејќи возат само со еден превозник, значи имаме комплетна логистика и поддршка, заедно ги решаваме сите работи во од со директорите на средните и основните училишта. Претходно тоа било поразлично, да речеме за иста дестинација, да речиме Ваташа, секое школо распишува посебна набавка, па се јавуваат повеќе превозници, па за иста дестинација има многу варијабилна разлика во цената, некој превозник склучил договор со некое школо за 20 или денари, а за иста дестинација друг превозник тоа го прави за 100, 120 или 150 денари. Тука наидуваа и на многу други проблеми, дали превозот бил точен, дали се одвивал по точниот распоред како што треба, знаеш кога работиш со 2, 3 или 4 деловни партнери за иста работа тука настануваат и поголем дел од проблемите. Значи не е бенефитот само што штедиме, туку даваме плата и на 22 луѓе кои работат во нашето јавно претпријатие. Исто така нашите возила се нови, имавме набавка на 4 нови автобуси, потоа имавме набавка на уште 3 нови автобуси, значи парите што фактички ги земаме од превозот на учениците ние ги вложуваме пак во самото јавно претпријатие“, додаде
Општина Битола пак годишно за превоз на ученици издвојува 70 милиони денари. 55 милиони е делот покриен со блок дотации од МОН, за средното образование, но 15 милиони денари за основното образование се на товар на општината, со оглед на тоа дека блок дотациите од МОН не се доволни. Од пред 2 години е формирано и ЈП „Пела линк“ за меѓуопштински превоз на ученици помеѓу општините Битола, Новаци и Могила. Сите транспортни средства општините ги здружиле во тоа претпријатие. Но за комплетно самостоен превоз на ученици според Општината тоа би била скапа операција, набавка на нови автобуси, а голем проблем било и да се најдат возачи на автобуси.
„Со тоа би добиле можеби поголема ефикасност во дел од тоа, поголема контрола на реализацијата на услугите во делот на време, како тие се грижат, но тоа е скапа инвестиција комплетно да се покрие тој превоз со сопствени средства, затоа што ниту едно јавно транспортно претпријатие без субвенциите кои би ги издавала повторно Општината, веројатно би се добило на квалитет ако целевте на тоа со вашето прашање, но финансиски средства треба доста, со оглед на тоа дека сме прилично голема територија која ја покрива Општина Битола и која мора да ги опслужи и во делот на ученичкиот превоз.
Значи потребни се огромен број на возила?
Да 28 линии, потребни се многу. Првично целевме на набавка на 6-7 автобуси, меѓутоа велам мака мачевме додека го формиравме тоа претпријатие кое години беше во мирување, да го активираме, со оглед на тоа дека не само средства, потребни се и технички средства и персонал, проблем е во денешно време да најдете шофер со Б категорија и со одредена гарантирана сума која Општината може да ја издвои како плата“, истакна Тони Коњановски, градоначалник на општина Битола.
Од Општина Новаци пак велат дека формирањето на ЈП „Пела линк“ помеѓу општините Битола, Новаци и Могила помогнало после повеќе од 15 години да се организира превоз до некои населени места со помалку жители каде приватните превозници не сакале да возат поради немање на доволно финансиски бенефит. Тоа пак придонесло тие места да не се иселат комплетно, затоа што превозот е важен фактор во општественото живеење. Но и тие велат за комплетно општински преземање на сите превозни линии се потребни пари и поддршка од државата.
„Онаму каде што не можевме да го организираме превозот со приватните превозници, онаму каде што не се пријавуваа на тендерите за да ги земат линиите за превоз на ученици, ние тоа во прва фаза го покриваме со нашето претпријатие кое што можам да кажам дека е успешно. Еве во нашата општина, во Новаци, селата кои гравитираат во пограничниот дел од општината со Грција, во изминатите 15 години немавме организиран превоз на патници и тоа беше голем проблем. Можеби и причина поради тоа што ни се случуваше во минатото, а тоа е иселувањето на населението. Сега откако го формиравме ова јавно претпријатие за превоз на патници секојдневно имаме по 4 линии на таа релација и имаме големо задоволство од жителите кои живеат на тие населени места. Се надевам дека во иднина ова претпријатие ќе прерасне во сериозно претпријатие за превоз на патници и со тоа не би имале потреба од ангажирање на други претпријатија. Но за тоа да го направиме потребни се сериозни вложувања како од Општината, така од државата за да може ваквиот тип на организирање на претпријатијата за превоз на патници во иднина да прерасне во нешто посериозно.
Колку би се заштедило?
Точно не знам да ви кажам, но сигурно би се заштедиле сериозни суми на средства. Секако дека и организирањето на јавниот превоз секаде во светот е комплициран, кој го помагаат и општините и државата. Нормално дека не е најрентабилен начин, но за да ги задржиме луѓето во родните огништа и да функционираме како што треба мора да вложиме максимални напори за да имаме организиран превоз на целата територија, како од општините, така и од државата“, потенцираше Стевче Стеваноски, градоначалник на општина Новаци.
Дел пак од помалите Општини како Крушево сакаат сами да вршат превоз на учениците за да заштедат средства и истите да ги пренаменат во други проекти, но имале законски спречени. Општината законски не може да поседува возило над 9 седишта и со истото дас врши ваков вид на превоз. За ова мора да формира Јавно претпријатите за транспорт, но за тоа немаат пари. Формирањето на истото повлекува дополни вработувања и друга потребна логистика која чини доста средства. Бараат или промена на Законот или помош од државата за тоа претпријатие.
„Тоа е добар процес, меѓутоа треба законски да се променат некои работи, затоа што Министерството за транспорт и врски над 9 седишта на патничко возило или комби дава лиценца и извод на лиценца. Извод на лиценца и лиценца се дава само на претпријатија, односно трговско друштво, дооел и слично, не може да се издаде на Општина. Не може да се издаде дозвола затоа што изводна лиценца и лиценца за секое возило, тоа е како лична карта за граѓаните, им следува само на претпријатија, не на Општини, не смее Општината да се бави со јавен превоз на ученици или патници затоа што со тоа навлегува во приватниот сектор.
Со тоа би заштедиле доколку се формира такво претпријатие?
Би се заштедиле огромен број на средства, затоа што имаме доволен број на вработени и доколку би се ангажирале еден до двајца возачи, посебно во помалите места, ќе имаме доволно за да ги пренамениме средствата за други потреби, за греење, струја итн“, рече Томе Христоски, градоначалник на Крушево.
Повеќе од јасно е дека доколку Општините сами организираат превоз на учениции бенефитите ќе бидат големи, но за дел е потребна државна финансиска помош за набавка на автобуси, пари кои би се вратиле за неколку години, но исто така и желба на радикална промена на сегашниот модел со приватни превозници.