ВИДЕО – Натпревар во врзување и шнирање на патики во ООУ „Кочо Рацин“ по повод Неделата на детето


По повод неделата на детето во ООУ „Кочо Рацин“  во Прилеп се организираше интересен натпревар за врзување и шнирање на патики за учениците од 1 до 5 одделение. Идејата е на наставничката Наташа Мирческа, а е поддржана од целиот колектив. Целта на настанот е развивање вештини кај учениците, градење самодоверба, натпреварувачи дух, дружење, соработка со родителите и локалната заедница.

Дефинитивно не знаат, врвците се заменуваат со лепенки, ако има врвци тука сме ние да помогнеме и не само што е проблем, врзувањето врвки е симболична работа, сѐ во животот врзуваме, тие треба да научат врзуваат и реченици, мисли, зборови, математички задачи. Мислам дека врзувањето врвки и тоа како би им помогнало, сепак е некој позитивен процес кој овозможува едно поинакво видување на работите“, вели Наташа Мирческа, наставник.

 

Одамна немаме ваков настан за врзување и шнирање на патики, децата се презадоволни, радосни се сите и се надевам дека во иднина ќе стани традиционален“, истакна Горан Аврамоски, наставник.

Учениците се натпреваруваа во 2 категории, од 1 до 3 одделение и од 4 и 5-то. Помалите само врзуваа, а додека повозрасните групи и врзуваа и ги шнираа патиките. Во целиот настан беше вклучен и бизнис секторот од Прилеп кој се занимава со продажба на ваков вид на роба и копј логистички ја поддржа целата манифестација.

„Мене денеска ми е многу убаво бидејќи има натпревар по врзување во врвци и сакам да учествувам во вакви натпревари“, вели еден од учениците.

 

Јас се научив да врзувам врвци сега, мислев дека е многу тешко да се врзува врвци, ама кога се научив гледам дека е многу лесно. И јас сум многу среќна што денес е ден на детето и ние се натпреваруваме тука“, вели едно од децата.

 

Јас научив да врзувам врвци од 5 години и беше многу лесно, не беше толку тешко бидејќи некаде сама учев, некаде со мајка ми и сега ми е многу лесно да ги врзувам“, додаде друг ученик.

 

Од колку години ти знаеш да врзуваш врвци?

Од 8, сега почнав да знам.

Кој те научи?

Со мајка ми се научив.

Сега сам си ги врзуваш патиките, или бараш малку помош?

Немам со врвци патики.

Со лепенки носиш патики?

Да.

Така ти е полесно?

Да, така ми е полесно“, вели трет ученик.

 

„Јас врзувам од 2 одделение, тогаш ме научија.

Тешко е?

Не, лесно е и брзо се учи“, додаде друг ученик.

 

Знам да врзувам и сум 4 одделение. Ме научи татко ми да врзувам.

Од колку години врзуваш?

Од 7 некаде.

Тешко е?

Не баш“, истакна уште еден од денешните натпреварувачи.

 

„Од мала врзувам врвци.

Кој те научи?

Татко ми и мајка ми.

И за колку време ти ја шнираше и врза патиката?

1 минута, 20 секунди и 81 стотинка“, кажа друг ученик.

За најбрзите и највештите ученици имаше подготвено и награди, односно патики.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи