ВИДЕО – Нови протести во Прилеп: Тие си ги покачија платите за 78%, а ние се молиме за 3.500 денари, срамота и гревота


Продолжуваат протестите на пензионерите во Прилеп. Денеска тие беа најмасовни досега и се одвиваа со марш по булеварот „Гоце Делчев“, од Основниот суд до споменикот на Карпалак каде по повод денешниот ден оддадоа почит на загинатите бранители. Велат дека е срамота тоа што државните институции се глуви на нивните барања. Работеле по 40 години, одделувале за пензија, а сега не можат ниту да преживеат.

„Зарем толку многу бараме што не сакаат да не слушнат? Луѓе, 3.500 денари се, не се милионски суми, тие можеби не можат ниту да ги замислат овие пари бидејќи се научени на многу. 78% да си ги покачат платите, а ние се молиме тука за 3.500 денари, не само што е срамота, туку е и гревота“, вели Билјана Шекероска, пензионер.

 

„Ние животаркаме бре луѓе, срамота и гревота е да не му се даде на овој народ пензионерски. 3.500 денари се во прашање, не се 78%. Нека му дадат на народот кој што се мачел, остававме коски за да земаме пензија и да живеем, а не да преживуваме“, додаде Марија Ристеска, пензионер.

 

„Не бараме нешто невозможно, бараме мало линерано поткревање за еден марем малку достоен пензионерски живот“, истакна Вера Чакмакоса, пензионер.

И денеска не добија поддршка од Здружението на пензионери во Прилеп, чиј објект повторно го чуваше приватно обезбедување. Пенизонерите се револтирани на тоа што со нивни пари се одржува објектот, а сега не можат да влезат таму, а со нивни пари се плаќа и обезбедувањето кое што не ги пушта внатре.

„Болно и жалосно во еден ваков град имаме самоизбрано претседателство кое што воопшто ниту еден ден не не поддржа. А во другите градови претседателите се секаде први со пензионерите, само Битола и Прилеп не се поддржани од претседателството“, изјави Верче Јанческа, пензионер.

 

„Го чуваат 10 мина обезбедување, го замолив да за да слези не не оставаат, барем да се изјасни, да каже не сум со вас или да даде поддршка. Со наши пари плаќаат се, ова го нема никаде“, потенцираше Милан Пирганоски, пензионер.

Велат дека ќе протестираат секој ден се до исполнување на нивното барање за линеарно покачување од 3.500 денари за секој пензионер. Доколку тоа не се оствари, се договарал масовен пензионерски протест во Скопје.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи