ВИДЕО – Парите за самовработување драстично зголемени – Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување презентиран пред прилепчани

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Владата започна со презентирање на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување низ општините ширум државата. Првата Општина од каде што започна овој караван е Прилеп. Беше истакнато дека Планот е најголем досега и теши 40 милиони евра, со кој ќе бидат опфатени 16.500 лица. Целта на Опертативниот планот е да се даде шанса на младите луѓе, да им се помогне и истите да останат и да не се иселуваат.

„Една од најактивните мерки е секако самовработувањето, зголемени се средствата за самовработување, за луѓе над 29 години зголемени се за цели 1.000 евра, односно од 6 на 7.000 евра, додека за младите луѓе до 29 години, за кои беше и целта, се зголемени до 6 на 10.000 евра. Новитет е во овој План за вработување и тоа што можат да се здружуваат во ДОО и 2 млади лица до 29 години, кои можат да користат до 20.000 евра, или над 29 години до 14.000 евра“, рече Марјан Ристеки, заменик министер за економија.

Предвидени се и обуки за да бидат лицата понкурентли на пазарот на труд. Како обуки за ИТ вештини, претприемништво, странски јазици.  А ќе се ангажираат и 400 лица преку целото лето со минимална плата кои ќе гасат пожари.

„Во фокусот се младите невработени лица до 29 години, за кои планирано е учество од најмалку 40%, но секако дека не ги изоставаме и другите категории на невработени лица, тука спаѓаат долгорочно невработените лица, жените кои се со околу 50% во Оперативниот план, но и сите категории на ранливи и невработени лица како Ромите, за кои е планирано најмалку 5% учество во активните мерки“, вели Весна Пешова, заменик-директорк на Агенцијата за вработување.

 

„Агеницијата за поддршка на претприемништвото директно е вклучена во реализација на дел од активностите на Оперативниот план и тоа во поддршката за самовработување преку ваучерскиот систем на советници кои ги има Агенцијата. Исто така од оваа година за прв пат Агенцијата си ја зема обврската и таа ги зема и обуките за претприемништво, како и менторството“, истакна Даниела Димовска, директорка на Агенцијата за поддршка на претприемништво.

Инаку според АВРМ стапката на невработеност кај нас во моментов била 12,5 % или 94.000 активни баратели на работа за 2025.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми