ВИДЕО – Пензионерите побараа поддршка од сегашниот и поранешните претседатели на Македонија на утрешниот собир во Скопје


Ние не сме социјални категории и не сакаме социјални мерки. 40 години ја градевме оваа држава и сега го бараме она што заслужено треба да го добиеме, а тоа е пензија за достоен живот. Со овие пораки прилепските пензионери денеска одржаа уште еден протест прег големиот собир на пензионерите утре во Скопје. Велат дека веќе 3 месеци, на сите временски услови тие се на улица, а за власта биле невидливи. Побараа поддршка од сегашниот претседател и поранешните претседатели на Македонија.

Како еднаш Претседателот на Македонија кој е татко на Македонија. Не најде за сходно да не спомене како категорија. Нека не погледне и не кажи зошто ние се наоѓаме тука. Поздрав до Бранко Црвенкоски кој е еден пензионерите со највисоки примања во Македонија и највисоки бенефиции кои ги поседува со лично обезбедување, автомобили, на нашиот грб. Исто и Ѓорѓе Иванов, каде се? Еве ги повикуваме јавно од тука од градот Прилеп, градот борец, утре во 12 часот да дојдат пред Влада нека го слушнат нашиот глас. Нека им порачаат на оние кои им обезбедија толку голема пензија нека ни ги удоволат нашите барања“, вели Верче Јанческа, пензионер.

Крајно се револтирани и на претседателката на Сојузот на пензионерски здруженија, Станка Трајкова, не само што не ги поддржувала туку на сите Здруженија по градовите им забранила да обезбедат автобуси за утрешниот протест во Скопје. Уште еднаш обвинија дека со пари од македонскиот пензиски фонд за исплаќаат пензии за граѓани од Косово.

Нека има доблест министерката и нека кажи колку имаме пензионери од Косово, а колку од Македонија. Имаме пензионери и по рамковен договор кој што воопшто немаат ниту еден ден работен стаж, а сега веќе од 2001 година досега се стекнаа со тие 15 години стаж, а воопшто не влегоа во работните организации“, додаде Јанческа.

Утре протестот го започнуваат во 11 часот пред американската, холандската, германската и амабасадата велика Британија, од каде ќе бараат поддршка за нивната состојба, а потоа во 12 часот продолжуваат со собирот пред Влада.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи