ВИДЕО – Потребни се промени и иновации на дејностите и бизнисите во Пелагонија за поголем економски раст и развој


Поголема соработка на бизнис секторот со научните и образовни установи, младите претприемачи да имаат менторства за својот бизнис, развој на специјализирани гадежни дејности, огласување преку медиуми… се само дел од препораките за поголем економски развој на Пелагониоскиот регион во рамки на проектот „Паметен развој на Пелагонискиот плански регион” со цел стекнување еднакви можности за граѓаните и бизнисите кои ја градат македонската економија.

„Кога зборуваме за обработка на суровини еве на пример ако го земеме Прилеп, гледаме дека многу  ретко имаме финални производи, во било кое производство дали на мермер, дали во земјоделието и слично многу често се оди само на извоз. Една од работите кон која треба да се стремиме е развој на бизнис“, истакна Јована Аврамовска Николовска, здружение ЗМАИ.

Голем дел од младите кои моментално се иселени од Пелагонија одговориле дека би се вратиле назад да работата доколку се подобри квалитетот на живот.

„Платите се помалку се проблем бидејќи се отвораат пазарите и може и тука убаво да се заработува, особено онлајн ако се работи. Младите бараат повеќе културни настани, поголема понуда за забава и за рекреација, спортски активности, подобри јавни услуги и секако подобро здравство и образование“, додаде Аврамоска.

Дејностите пример се активни во Пелагонија не донесуваат соодветен економски раст и развој. Според експертите треба да се работи на зелена и дигитална трансформација.

„Се мисли пред се на големиот потенцијал кој што го има Пелагонија во однос на развојот на земјоделството, но не на екстензивен начин како досега, туку со примена на најсовремени технологии и иновации, како роботи и дронови, и со тоа овој сектор ќе биде многу попродуктивно и поатрактивно за младите“, изјави Димитар Николоски, професот на Екомкски факултет Прилеп.

Моментално економските разлики помеѓу регионите во Македонија кога се споредуваат со Скопскиот регион се многу големи и во иднина тие треба драстично да се намалат.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи