Веќе 20 години прилепските домаќинки од здружението „Преродба“ се верни чувари на нашата традиција. Веќе 2 децении по ред секоја година за овој ден ја подготвуваат посната Бадникова трпеза и ни раскажаа за големиот број обичаи поврзани со овој ден во Прилеп.
„Денес е Бадник, семејството се собира на фамилијарна вечера и го сметаме како семејна слава, бидејќи целото семејство се собираме на посна вечера, на која имаме гравче, сарма, ореви, овошје, секако костени и други посни работи како баклава. Бадник е последниот ден на божиоќните пости, утре е Божиќ, Христовото раѓање кое со радост ќе го пречекаме, како во семејството, така и во фамилијата, па и пошироко, меѓу роднините и пријателите. Се одржува, и ние како здружение со воие наши активности сакаме да пренесеме и на младите генерации да задржат барем дел, да ја задржат суштината што го имаме ние како народ, по она што ние сме препознатливи“, изјави Лилјана Ѓорѓиевска, претседателка на Здружение „Преродба“.
Овие денови кога се очекува да пристигне најрадосниот ден кај христијаните, Рождеството Хрисотво Божик се многу почитувани кај прилепчани. Традицијата ја почитуваат сите генерации од 7 до 77.
„Сабајле си ги пречекуваме коледарчињата, ни тропаат на вратата, ни ги пеат бадниковите песнички и ние со радост излегуваме и им даваме оревчиња, костенчиња, бидејќи тоа е традиционално што треба да го одостоиме. Инаку сите го почитуваат овој празник, Бадник, бидејќи со голема радост го дочекуваме утрешниот ден, Божиќ, Христовото раѓање.
Што се подготвува на Бадниковата трпеза?
Претежно, бидејќи е последен ден од постите, се е посно, гравче, сармичка, овошје, бадниково мазниче, некој со гравче го прави, некој со варен ориз“, додаде Паце Грижоска, членка на здружение „Преродба“.
Утре е Божик кога христијаните се поздравуиваат со христијанскиот поздрав „Христос се роди“, а на тоа другите одговараат „Навистина се роди“.