Прилепската општа болница доби донација амбулантно возило преку пороектот „Обезбедување пристојни услови за живот за ромските домаќинства во Општина Прилеп“, кое ќе служи како за потребите на болницата, но со него и два пати месечно ќе се излегува на терен во ромската населба Тризла каде ќе се прават општи прегледи на населението кое го нема потребниот пристап до здравствено лекување.
„Произлезе дека голем дел од ромската заедница има проблем со пристапот до здравствени услуги. Поаѓајќи од ова целиот конзорциум во соработка со Општина Прилеп и општата болница одлучивме дека е потребно возило, а тоа што е специфично е тоа што ова возило е подвиѓна клиника“, рече Себихан Демироски, генерален менаџер на Ромскиот ресурсен центар од Скопје.
Болницата со оваа донација ќе ги задоволи потребите од амбулантни возила, моментално има 5 возила за Итна за итна помош и 3 за транспорт. А нови возила се немаат набавено повеќе од 10 години.
„Возилото е опремено со целосната медицинска потребна опрема што ќе служи за транспорт на пациенти и во Прилеп и до Скопје, имаме дефибрилатор, ЕКГ мониторинг, подрршка за кислород, сите потребни средства за грижа на пациентите“, истакна Кире Јоноски, директор на општа болница Прилеп.
Инаку ова е само еден дел од проектот за подобрување на условите за живот на Ромите во Прилеп.
„Околу 700 куќи ќе се легализираат, потоа воспоставувањеж на водоводна мрежа и комунална инфраструктура, донесување на урбанистички планови, воведување во работен однос на млади Роми и жени Ромки“, изјави Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.
Донацијата е обезбедена преку организацијата ЧЕЛИМ од Милано, Ромскиот ресурсен центар од Скопје и Рома Перпсектив од Прилеп.