Прилепскиот спортист во воздухопловно моделарство Лука Најдоски е второ место во светот во дисциплината на слободно летачки модели Ф1А во јуниорска конкуренција. Најдоски во 2024 година освои 7 први места на светските купови, 6 од нив се за бодови на светската листа.
„Овој спорт го наследив од татков ми, тој беше натпреварувач во друга категорија, односно ракети. Но оваа дисиплина мене ми го привлече повеќе вниманието и јас се заљубив повеќе во неа бидејќи има и физичка актривност и доста мислење во оваа категорија. Мојата љубов кон вопздухопловството ме доведе до тоа да лани започнав со студирање на Средното воздухопловно училиште во Белград. Тоа е поврзано со спортот и со оваа опција имам можност да продолжам и понатаму да се занимавам со воздухопловството“, рече Лука Најдоски, спортист во воздухопловно моделарство.
Член е на клубот Фил Феникс од Прилеп кој е еден најуспешните клубови во овој спорт кај нас и кој оваа 2025 година одбележува 25 години од организацијата на Светскиот куп Прилеп куп трофеј во Прилеп. Минатата 2024 година овој клуб имаше одлична сезона на повеќе полиња како организација на Светски купови и тоа: Светски куп натпревар во слободно летачки модели, Светски куп натпревар во летање до дронови и новата категорија летање со собни модели, исклучиво атрактивна категорија за многу млади. Тука се и големите успеси на членовите на овој клуб кој е вистински спортски амабасадор на Македонија во светор и одличен промотор на овој спорт кај нас, особено меѓу помладите генерации.
„Оваа година нашиот клуб ќе има неколку натпревари од Светскиот куп, тука е Светскиот куп Прилеп куп трофеј во Прилеп и на Македонија куп. Натпревари во слободно летачки модели, одиме потоа повторно с со собни модели еден Светски куп, исто така традиционално продолжуваме во организација на Светскиот куп за летање со дронови. И што е за нас најјважно секако ќе биде учеството на домашните натпревари, односно државното првенство во слободно летачки модели, кое претставува основа за бирање на учество и во репрезентација на Македонија. Нашите спортиски ќе ги очекува голем предизвик за настапите во Светскиот куп пред се за настап на Европското јуниорско првенство кое што ќе се организира во Романија“, истакна Здравко Тодороски, претседател на клубот „Фил Феникс“ од Прилеп, но и директор на натпреварите од Светскиот куп кои се организираат во Прилеп.
Kлубот Фил Феникс од Прилеп и понатаму ќе продолжи со својата мисија за популаризација на овој спорт кај нас и што е можно поголемо учество на младите во него. Прилеп има одлични тренери, школа и услови за развој на ис1тиот.