ВИДЕО- Проданоски: Комплетната реконструкција на Театарот „Војдан Чернодрински“, реконструкција на старата библиотека и надградба и доградба на ЦК „Марко Цепенков“

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Културата е душата на еден град, а Прилеп отсекогаш бил препознатлив по својата богата уметничка традиција, по театарот, музиката и бројните културни настани кои ја одразуваат креативната енергија на прилепчани. Затоа, во програмата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, посветуваме посебно внимание на унапредување на културната инфраструктура за да создадеме современи услови за нашите уметници и културни работници, но и за граѓаните кои ја сакаат и ја живеат културата, рече Дејан Проданоски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп.

 

„Еден од најзначајните проекти е комплетната реконструкција на Театарот „Војдан Чернодрински“, симбол на прилепската театарска традиција и гордост на нашиот град. Просторот ќе биде целосно обновен, со нов кров, современ ентериер и уредување на хортикултурата околу објектот. Ќе се искористи постоечката архитектура и одличната акустика на салата, со што ќе се добие модерен театарски дом, достоен за нашиот театарски ансамбл и за сите љубители на сценската уметност. Со оваа реконструкција, прилепчани ќе добијат репрезентативен културен објект, каде ќе гледаме нови премиери, фестивали и современи театарски продукции.

Паралелно со тоа, ќе се реализира и реконструкција и пренамена на просторот кај поранешната стара библиотека, кој со години е запоставен и нефункционален. Со овој проект, таму ќе се формира градска галерија и мала концертна сала. Ново живо културно јадро, каде ќе се одржуваат изложби, камерни концерти и настапи на млади уметници од Прилеп.

Третиот значаен проект е внатрешната реконструкција, надградба и доградба на Националната установа,  Центар за култура „Марко Цепенков“. Со тоа оваа институција ќе добие нов, модерен изглед и уште подобри услови за работа. Центарот ќе продолжи да биде срцето на културниот живот во Прилеп, дом на бројни фестивали, концерти, театарски претстави и промоции кои ја негуваат традицијата и го поттикнуваат културниот развој на нашиот град.

Прилеп заслужува да биде регионален центар на културата, како град кој не само што ја чува својата традиција, туку создава нови вредности и ја поддржува идната генерација уметници.

Со овие конкретни и реални проекти, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата докажуваат дека се единствениот вистински избор за Прилеп. Избор кој носи развој, грижа и вистински напредок за нашиот град и за сите прилепчани“, вели Проданоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми