
Секој вистински развој почнува со најмалите, но најзначајни чекори, со проекти што создаваат подобра иднина за нашите деца и за целиот град. Денес го претставувам проектот за нова, современа детска градинка во населбата Рид, инвестиција што ќе биде симбол на сигурност, иднина и грижа, истакна Дејан Проданоски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Прилеп.
„Оваа градинка не е само објект. Таа е порака дека Прилеп ќе продолжиме да го градиме со визија и со одговорност кон идните генерации. На површина од над 2.000 квадратни метри, ќе изградиме модерен, енергетски ефикасен и целосно пристапен објект, со безбедна и топла средина за игра, учење и растење.
Со овој проект ќе овозможиме згрижување на 200 деца од предучилишна возраст, што значи полесно секојдневие за родителите, нови работни места и зголемен локален развој. Ова е вистински пример за тоа како инвестицијата во најмладите е инвестиција во целата заедница.
Мојата порака кон моите сограѓани е јасна: Заедно ќе создадеме Прилеп што расте, се развива и обезбедува достоинствен живот за сите граѓани, со модерна инфраструктура, со квалитетни јавни услуги и со вистинска грижа за секој еден жител на општина Прилеп.
Верувам дека вистинската сила на еден град е во насмевките на децата и сигурноста на семејствата. Со ваквите проекти кои што ќе ги реализираме, сигурен сум дека чекор по чекор ќе го подобруваме нашиот Прилеп, како град на можности, напредок и заедништво“, истакна Проданоски.