ВИДЕО- Производителите на пченица бараат лебот да биде 20 денари, затоа што млинарите ја откупиле пченицата по 9 денари, за пекарите тоа е неприфатливо


Асоцијацијата на земјоделци и фармери на Македонија бара млинарите да ја намалат цената на лебот на 20 денари, затоа што домашната пченица во 2024 година ја купиле по цена од 9 до 11 денари за килограми. Сегашната цена на лебот од околу 30-тина денари, била превисока.

„Уште веднаш цената на лебот да биди 20 денари. Затоа што откупната цена на пченицата беше од 9 до 11 денари, сега може на берза да минимално повисока, но сепак млинарите ја откупија пченицата по цена од 9 до 11 денари“, вели Перо Стојкоски, претседател на Асоцијацијата на земјоделци и фармери на Македонија.

Според сопствениците пак на пекарите, тоа е прениска цена за трошоците кои ги имале моментално затоа што пред 10-тина години со далеку помали трошоци цената на лебот била 25 денари, а сега 30.

„Значи со зголемување на производството на пченица и пласирањето на нашата пченица во млиновите би требало да се намали цената доколку биде само наша македонска пченица. Но млинарите земаат и наша пченица и српска и унгарска. Така што цената на брашното излегува повисока. А според таа цена се определува и цената на лебот“, рече Алексдандар Ристески, сопственик на Пекара.

Од Асоцијацијата на земјоделци и фармери на Македонија бараат исто така  и намалување за 50 проценти на хемиските препарати во земјоделските аптеки.

„Пример логрант заштитно средство за 1 хектар пченица ако го купиме дома тоа е од 400 до 500 денари, а во соседните држави цената е 100 денари. И предлагаме под итно да се намалат цените на сите земјоделски препарати за 50%“, додаде Перо Стојкоски, претседател на Асоцијацијата на земјоделци и фармери на Македонија.

На Македонија годишно и требаат околу 360.000 тони за да ги задоволи своите потреби, а произведуваме како држава само околу 230.000 тони. Овие 130.000 тони Македонија за жал никако да ги постигни.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи