ВИДЕО – Промовирана монографијата „Мојот пат во џудото“ на авторот Кире Здравески


„Мојот пат во џудото“ е насловот на монографијата за развојот на овој спорт во Прилеп од 1969 година до денес, чиј автор е Кире Здравески, долгогодишен џудист од клубот „Сеишин“ од Прилеп, но исто така и претседател на Ветеранската асоцијација на џудо во Македонија, како и нејзин селектор исто така. Воедно тој е и најстариот ветеран во џудо кој активно, буквално секој ден, се занимава со овој спорт, не само кај нас, туку и на Балканот.

Сметав дека ниту еден белег нема оставено за џудото во Прилеп. Затоа што Прилеп е центарот на џудото. Сите тренери во Македонија, 95% од нив, се произлезени од Прилеп. Збирајќи ги податоците, разговарајќи со постари кои тренирале во тие времиња дојдов до разни податоци и информации, и сите тие го внесов во монографијата“, истакна Кире Здравески, џудист.

Според УНИЦЕФ џудото се смета за еден од спортовите кој нуди најдобар развој на млади. Истиот е доста популарен како во Прилеп така и на ниво на Македонија, а во последните неколку години, благодарение на активноста на Џудо федерацијата на Македонија тој доживува вистинска експанзија кај нас, но придонесува и за афирмација на Македонија која станува домаќин на значајни европски натпревари.

Џудото оди на нагорна линија, тоа е знак на ангажманот на Џудо Федерацијата на Македонија и нашите соработки и дружења секаде каде што одиме. Значи не е македонското џудо на некое ниво од пред 30 или 40 години. Сега е напредно и посовремено, со посовремени техники , затоа денес имаме и гости од Европската џудо федерација“, додаде Кире Здравески, џудист.

За тоа дека развојот на македонското џудо има нагорна линија признаваат и европските експерти кои беа присутни на промоцијата на оваа монографија.

Исклучително ми е мило што сум тука за прв пат во Македонија, но она што го праатам во последните неколклу години е работата на Џудо федерацијата на Македонија, кој што е навистина импозантен. Еве организациски се едни од најдобрите во Европа, ако го земеме големиот број на земји кои се членки на Европскиот џудо сојуз, кој има 51 членка, навистина колку големи натпревари се одржуваат тука. Тоа е плод на работата на Федерацијата, очигледно дека постои добра енергија и синергија на различни институции и се останато. Јас и на тоа им честитам. А оваа сама промоција покажува дека Федерацијата ги праи и почитува сите оние кои го дале темелот на џудото во Македониоја“, рече Славиша Брадиќ, советник на претседателот на Европската џудо Федерација.

Џудистот Здравески, за својата посветеност кон овој спорт, и за неговата успешна работа во рамките на клубот е добитник на повеќе награди и признанија, меѓу кои највисоката општинска награда „3-ти Ноември“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи