„Радувајте се, народи сите“ – македонска божикна композиција изведена од чтецот Андреј Иваноски и оперскиот тенор Стефан Неданоски од Прилеп. Композицијата е репродуцирана во студиото Sound Pill Records од Ана Талевска, чиј композитор е Глигор Кондовски, а автор е Виолета Иваноска.
Иваноски и Неданоски во иднина најавуваат целосен Божикен албум со православни песни и химни посветени за Христовото Рождество.
Слушнете ги двете верзии на оваа прекрасна песна за Богомладенецот Христос.