ВИДЕО – Реконструираниот булевар „Гоце Делчев“ се уште нема технички прием


По она што значи ревизорски извештај кој го добивме деновиве, а се однесуваше на работата на локалната самоуправа за 2022 година, иако со одлука со Совет баравме ревизија на работењето на претходните години, ние добивме Државен завод за ревизија да истражува, односно да го угледа финансиско-материјалното работење на локалната самоуправа за 2022 и во истиот тој извештај е навестено дека има неколку спорни точки кои треба да се земат во обзир и треба да се работи на нивно отстранување, кажа претседателот на Совет на Прилеп, Дејан Проданоски.

„Тоа е технички прием на булеварот кој го нема, а беше клучен проект на претходната локална замоуправа и тоа е забелешка во Извештајот на Државниот завод за ревизија. Понатаму сериозни забелешки има околу договорот и анексите на фамозниот мост во сточен пазар и уште една клучна според мене забелешка, а тоа е дека во Извештајот на Државниот завод за ревизија стои дека училиштето во Сточен пазар треба да има посериозен третман и треба да се покажат посериозни активности за запоставувањето, односно уништувањето на општествениот имот“, рече Проданоски.

Градоначалникот Јовчески, додаде дека за целата оваа ситуација морал да се консултира со правни лица за тоа како да се постапува понатаму.

Јас морам да постапам во консултација со правници, но дека ќе бидат преземени сите мерки за спроведување прво на постапката да се анализира и ќе се сносат сигурно санкции или законски одговорности ќе се побараат за непостапување по евалуација на тој проект“, додаде градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи