Над 180 верници досега се пријавиле утре за капење во осветените води на Плетварско езеро за Водици. Ова капење се одржува по 5 традиционален пат, а годинава најмалиот пријавен учесник има само 4 години. Освен од Прилеп има пријавено граѓани и од Битола и Скопје.
Како и минатата година така и оваа настанот има и свои кумови кои учествуваат во организацијата. Домаќини оваа година се: Валентин Трајкоски, Тони Дамкоски, Александар Најдоски, Бојан Минчески, Даниел Димоски. На нивна иницијатива над самото езерото се постави 4 метарски крст, а обезбеден е и материјал за понатамошна изградба на параклис. Обезбедено е место и каде ќе може да се запалат свеќи.
Организаторите и кумовитре на настанот за сите верници кои ќе влезат во езерото обезбедија маици, дрвени крвчина и шишиња за земање на Света вода. Додека пак за сите посетители има обезбедено топол пијалок: чај, вино, ракија, како и овошје.
Овој настан е од хуманитарен карактер за кој дел е задолжен еден од годинешните кумови, Александар Најдоски. Покрај езерото ќе бидат поставени 3 кутии за донации, а собраните средства ќе се донираат за операција на болно дете.