ВИДЕО – Со традиционалната македонска коледарска песна „Коледица Варварица“ коледарчињата го најавија Божик

Со традиционалната македонска коледарска песна „Коледица Варварица“ коледарчињата денеска затропаа на вратите од куќите, најавувајќи го Христовото раѓање, а од домаќините беа дарувани, со костења, ореви, овошје, но и по некое париче.

Шетаме низ малово и собираме костенчиња.

Секоја година шетате?

Ова ни е прв пат.

И како шетате, тропате со коледачките?

Да.

Која песна ја пеете?

Коледе, коледе“, вели едно од коледарчњата.

 

Ни кажуваат како треба да одиме по куќите, ни ги кажуваа песничките, не учеа.

Тебе интересно ти е вака со другарчињата кога шетате за овој ден?

Да, интересно е, шетаме.“, додаде друго од децата.

Прилепските домаќинки велат дека традицијата во Прилеп се пчочитува со векови и дека таа никогаш нема да запре, затоа што истата се пренесува од колено на колено и се почитува подеднакво од сите генерации.

Како од старо што правеле, се коледа, се пали оган, се оди по куќи, им даваме на децата костенчиња, сакаме да ја задржиме традиција, како секогаш, така и сега.

Колку се одржува кај нас традицијата?

Досега ја почитуваме, не сме оставиле, како од старите, од баби, дедовци, така и ние продолживме“, рече Васка Илиоска, житека на Прилеп.

 

Ова ни е најрадосниот ден, дечињата ни се златни и тие ни го претскажуваат раѓањето христово на овој ден, ние домаќинките се припремаме со посна трпеза, сарма, грав, кора со оривче, палачинки, овошје, се на маса што треба, така да масата не се раскрева откако ќе се вечера, си го храниме Господ да ни дојди на вечера.

Дечињата шетаат од куќа до куќа?

Дечињата шетаат, само сега помалку ги имаме, инаку шетаат“, кажа Бисера Петроска, жителка на Прилеп.

Вечер граѓаните ја подготвуваат посната бадникова трпеза, а утре ќе го дочекаат еден од најрадосните денови Христовото  раѓање поздравувајќи се со поздравот „Христос се роди, Навистина се роди“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи