ВИДЕО – Трипуновски: Ветувам и тврдам дека годинава просечната откупна цена на тутунот ќе биде повисока од лани


Со сигурност ветувам и тврдам дека годинава просечната откупна цена за килограм тутун ќе биде повисока од лани, ова денеска во Прилеп го истакна министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, при посетата на откупниот пункт на ТКП. Трипуновски не потенцираше дали цената ќе ја зголемат самите откупувачи или пак и државата како и лани ќе ги зголеми субвенциите, но испрати порака дека оваа година ќе има рекордна цена на тутунот и државата ќе интервенира доколку има потреба.

Јас само сакам да упатам една јасна порака до сите тутунопроизводители дека оваа година ќе бидат многу позадоволни од минатата година, просекот кој ќе се постигне на ниво на држава ќе биде поголем од минатигодишниот просек. Едноставно, ние како држава и како Министерство нема да дозволиме да има разочарување како во минатото. Жалам што сега имаме преполовен род, но како Влада работиме веќе од наредната година, заедно, партнерски да го враќаме кванитетот на тутунопроизводството, бидејќи тоа е многу важно и од социјален и од економски аспект за раст на државата“, рече Цветан Трипуновски, министер за земјоделство.

До денес во државава биле откупени 1 милион и 400.000 килограми  по просечна цена од 374,3 денари и од нив досега биле исплатени околу 45% кон земјоделците. Од Сојузот на тутунари истакнаа дека се подобриле условите за домашна манипулација, а со тоа и малку динамиката на предавње, но потенцираа дека остануваат на ставот за повисока цена.

Како што гледаме на терен производителите се задоволни, во моментот сето се купува прва класа, нема одбитоци. Успеавме да договориме да нема класи, значи да оди сето во прва класа. Во преговори сме со откупувачите, понатаму и со Министерството да дојдеме до поголема цена, па ќе видиме во наредниот период дали ќе успееме во сето тоа. А ние не отстапуваме од тоа“, изјави Кире Ристески, претседател на Сојуз на тутунарски здруженија.

Од Државниот земјоделски инспекторат истакнаа дека досега тутунот се откупува без никакви проблеми.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи