ВИДЕО- Украдени електрониката и каблите од новиот водовод на Трескавец, пуштањето во употреба одложено за март


Непознати сторители ги украле каблите и дел од електрониката на новиот водовод од манастирот Трескавец кај Прилеп со што се одложи неговото пуштање во употреба. Со тоа се оневозможил и техничкиот прием на новите конаци, кои за да бидат пуштени за посетители мора да имаат вода. Станува збор за штета од околу 10.000 евра.

За жал се украдени кабли и некоја електроника која што сега во месец март треба повторно да се обнови и да се стави во функција. Значи беше ставен во функција, беа денови во прашање кога резерварите ќе беа наполнети со вода, сакавме да бидиме таму и да го направиме тој чин на отворање на водовотот на Трескавец. Зимскиот период го одложи времето, март месец е кога повторно ќе го вратиме сето во првобитна состојба и кога полицијата сакаме да ги открие сторителите и ќе можеме вака пак да се собериме и да се пофалиме дека и тој проект веќе по втор пат ќе биде повторно завршен“, рече Игор Гулабоски, директор на ЈКП „Водовод и Канализација“.

Од прилепскиот Водовод истакнаа дека со средствата одобрени од ТАВ водоводот бил изграден 70%, а 30% од средствата кофинансирала и општината. Се очекува конечно во март да заврши овој проект на кој се чека со години.

Работиме на случајот повторно да се обезбедат средства за обезбедување на тие материјали кои навистина можат во еден или два дена да се имплементираат во тој водоводен систем. Инаку изворот е комплетно обезбеден, резерварите, доставувањето на водата до манастрискиот комплекс Трескавец, останува само да го завршиме и да го објавиме како завршен проект“, кажа Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

Инаку конаците беа изградени уште на почетокот на 2021 година и од тогаш па се до денес зјаат празни затоа што немаат технички прием, поради тоа што нема вода. Стариот водоводен систем на манастирот не е доволен за ги задоволи зголемените потреби кои ќе се појават со зголемениот број на туристи и посетители.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи