ВИДЕО- Фотоволтаиците сојузник на земјоделецот, но за жал во Македонија воопшто не се користат во овој сектор

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Пелагонија е една од најплодните и најсончевите котлини во Македонија. Но за жал ние како држава недоволно ги искористуваме површините од каде што може да добиеме храна, а уште помалку за да добиеме енергија од сонцето која што е апсолутна бесплатна. Додека пак за комбинација на земјоделието со фото енергијата искрено немаме ниту размислувано, нешто што пак другите држави, особено на медитеранот, наголемо го користат како за добивање на енергија, така и за поголеми приноси двојни или тројни берби годишно од една култура засадена под пластеници, каде се создава посебна микро клима и светлија која ја има 24/7 потребна за секое растение.

Јас ве уверувам дека користејќи ја оваа нова технологија со производство на фотоволтаични системи, може да одгледуваме во пластеници многу поголемо количество на храна кое би било многу поквалитетно од таа храна што ја увезуваме. Но сепак за тоа треба да постои стратегија. Кога таа енергија би се користела во помош за добивање на тие микроклими или за извлекување на вода од овие региони, ќе имаме многу поголемо производство“, истакна Зоран Митрески, експерт за фотоволтаици.

Уште пред 7 години Зоран Митрески од Прилеп, експерт во полето во фотоволтаиците со група на ентузијасти биле во посета на нашето Министерство за земјоделство од каде добиле само тапкање по рамо дека проектот е одличен, но не добиле никава помош истиот да се реализира. Имено станувало збор за изградба на пробни пластеници со фотоволтаици кај нас, каде ќе се спроведуваат светските искуства

Со факти им сугериравме дека може да направиме не 3, туку 4 или 5 култури користејќи ја исто така и лед технологијата, затоа што е познато дека секое растение реагира соодветно на одредена светлосна фреквенција. Кога сите тие елементи од современата технологија би се вградиле во тие пластеници дефинитивно ви гарантирам дека на оваа површина, на ова плодно тло може да произведуваме 4 до 5 култури без никакви проблеми.

Како реагираа тогаш институциите на презентацијата на оваа идеја?

Беа импресионирани од самата идеја, но не наидовме на разбирање, затоа што немаа наводно соодветни средства кои би биле на располагање за испитување на таков пластеник, што во тоа време тие пари не беа значителни. Но треба да постои волја“, додаде Митрески.

Дел од растенија исто така не само во пластеници растат многу добро и под фотоволтаичните панели, ако се тие направени на доволна голема висина над нив. Тие дури и ги заштитуваат од преголемо сончево зрачење, а почвата не се суши. На тие места пак каде нема вода или хидросистем со помош на бесплатната енергија од сонцето може да се извлекува вода и да се наводнуваат парцелите. Произведената вишок енергија пак може да се продава. Голем број бенефити, но за жал ова за нас изгледа како научна фантастика.

Дали овие пластеници се употребуваат некаде во други држави?

Апсолутно, значи тука такви пластеници има во Анадолија каде постојат ексремни температури, такви пластеници имаме во Северна Европа, каде климата исто така не е соодветна, меѓутоа креирајќи микроклима, креирајќи осветлување внатре во нив имаме многукратно пократко и поголемо производство“, потенцираше Митрески.

 Со ова овие позитивмни примери воопшто не се запознати земјоделците во Пелагонија. Беџет Исламоски е еден од поголемите производители во овој крај кој обработува над 200 декари земјиште засадувајќи го со најразлични култури.

Еве ние земјоделците веќе почнавме да бушиме бушотини низ парцелите, заради елементарна непогода, суши се, лично прашањето ми одговара што ме прашавте, јас имам бушотини правено, за панели да имам наместо да користам агрегати. Многу е убаво прашањето да се користи, но апелирам да не е на обработливо земјиште затоа што многу сонце има и има место каде да се редат тие.

Значи да се редат на 5-6 класа земјиште?

5-6 класа, каде што е необработливо земјиштето.

Дали некој од вашите колеги од земјоделците употребува?

Нема никој досега, еве јас што сум заинтересиран, имам бушотини и сега деновиве ќе го тестираме бунарот дали има вода, планирам да редам панели. Како еден вид на викендица да правам и да редам панели, зошто да трошам нафта или бензин и со агрегати да се мачам.

Дневно колку трошите нафта за наводнување?

Дневно, јас како што имам 100 декари во летниот период тутун, бостан и пипер, дневно нема да ми стигнат 10.000 денари нафта за нон стоп агрегатот да работи со потопната пумпа во бунарот што го имам.

Вака ќе имате бесплатна енергија.

Вака ќе имаме бесплатна енергија, ќе штедиме со сончевата енергија.

Исто така во околните држави како Турција, Грција, Албанија се користат за пластеници. За жал и тоа кај нас не е искористено?

Да, пред една недела бевме Грција, имам видено дека работат земјоделците, синот беше Турција и и тој гледа, се чудиме, сите држави имаат, зошто и кај нас да го нема тоа во земјоделието да се направи“, изјави Беџет Исламоски, земјоделец од с. Канатларци.

И од Агенцијата за поддршка на земјоделството истакнуваат дека кај нас ското и да нема вакви примери. А за да постувањето на вакви фотоволтаици биде поддржано од ИПАРД или Националните програми за субвенции треба да има и одредени законски измени.

Инаку има примери, но генерално кај нас немаме таков пример, но на светско ниво има примери каде се поставуваат на соодветна висина тие фотоволтаици и пак земјиштето под нив да се искористува. За тоа има и соодветни финансиски ефекти, направени конкретни пресметки што добива и што губи, колкава е инвестицијата, што би добил итн.

Таков вид на фотоволтаици по покриле одредени програми како помош?

Да, генерално би се покривале, но сепак мислам дека во овој момент и законодавецот треба да кажи дали ќе даде соодветно одобрение за градба на таквата површина, затоа што таа површине доколку се пренамени во градежна, се губи во делот на земјоделска површина. Доколку локалните самоуправи, односно општините и законодавецот најдат соодветно решение за таквите постапки сигурно дека ќе има и конкретни баратели за такви проекти“, истакна Горан Томески, Агенција за поддршка на земјоделството и руралниот развој.

Исто така и за вадење на вода со помош на поставени панели треба да се извадат посебни дозволи од Министерството за животна средина за бунарите на кои истите ќе бидат поставени. Кај нас во земјоделието најмногу соларната енергија ја искористуваат производствените капацитети, кои скоро сите на покривите имаат наместено панели за производство на струја, а исто такви панели веќе интензивно места и краварските и овчарските фарми.

„Додека во растителното производство најголем дел од фотоволтаиците се користат индивидуално, не се преку програмите, затоа што малку потешка е процедурата за да се добие тој документ, не дека е невозможна, но има одредена процедура која временски им одзема доста време и земјоделците преминуваат кон побрзо поставување, посебно таму каде што имаат ископани бунари кои не се евидентирани преку Министерството за животна средина, од каде немаат добиена соодветен документ за тој бунар да може да се користи“, рече Томески. 1

Сонце, бесплатна енергија и плодна почва која раѓа се што можеш да посакаш и се што можеш да засадиш. И наместо да ги искористиме овие потенцијали за жал ние како држава се уште остануваме увозно зависни за храна, за која годишно се даваат околу 1 милијарда евра.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми