ВИДЕО – Хуманитарно CAR SHOW во Прилеп за Виктор, во организација на Wanted Club Prilep i BrotherHood Club Prilep


Во Прилеп на 02.02.2025 во катната гаража кај старата автобуска со организација на клубовите Wanted Club Prilep i BrotherHood Club Prilep се организираше хуманитарен собир со возила за нашиот прилепчанец Виктор Николоски. На настанот присуствуваа над 150 возила од цела Македонија. Целта на овај настан беше со собраните средства од влезот и кутијата за донации за Виктор да се донираат како помош не неговото семејство.

„Воедно им благодариме на сите спонзори и на сите присутни на овај хуманитарен настан, а во иднина клубовите Wanted Club i BrotherHood ќе продолжат со организирање на секаков вид на собири. Убавата сума на средства собрани од овај настан ќе биде уплатена на сметка кај Виктор Николоски“, велат организаторите на овој настан.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи