ВИДЕО – Центрите за социјална работа низ Македонија ќе добијат физичко обезбедување

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Се очекува во текот на идната недела да биде избран оператор кој што ќе ги обезбедува Центрите за социјална работа низ Македонија. Оваа мерка следува откако во март годинава прилепчанец вооружен влезе прилепскиот Центар за социјална работа и со пиштол рани социјална работничка. Низ државава треба да бидат обезбедени 37 вакви установи.

„Се бараат 60 лиценци за 60 лица да бидат ангажирани постојано од страна на компанијата која што ќе ги обезбедува нашите објекти. И со тоа го исполнуваме и она наше ветување кое го дадовме и пред избори дека Центрите кои се соочуваат со вакви ситуации ќе бидат обезбедени“, рече Ѓоко Велковски, заменик министерот за Социјална политика, демографија и млади.

Според директорот на Центарот за социјална работа од Прилеп оваа мерка ќе придонесе за поголема безбедност на вработените барем за периодот додека се на работа, затоа што закани, притисоци и непријатни случки доживувале и надвор од работното време.

„Колку токлу ќе се чувствуваме побезбедно кога ќе знаеме дека долу на прием ќе имаме некој кој што ќе врши селекција на странките или да има овластувања кои ние во моментов ги немаме во однос на тоа да се види кој што носи и како носи и ќе се допушта влегување по канцеларии само со покани, исклучиво за разговор. И покрај тоа што Центрите за социјална работа според мене се најдостапни за граѓаните и така и треба да биде затоа што доѓаат категории на луѓе со најразлилни проблеми, после ваквите случувања се укажа потребата дека навистина никој никаде не е безбеден“, рече Зоран Малкоски, директор на Центар за социјална работа Прилеп.

Покрај повредената, за овие месец и половина и поголемиот дел од вработените во Центарот биле на боледување поради стрес и совети од психијатри. Работата полека се консолидирала и се надеваат дека вакви инциденти нема да се повторат во иднина.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми