Оваа година во Прилеп бројот на дечиња кои се запишани и учествуваат за Бадниковите поворки е најголем досега и според организаторите на овој настан тој изнесува 300 дечиња. Организаторите се надеваат дека од година во година бројката ќе се зголемува и ќе биде се помасовно и помасовно.
„Песнички кои се пејат за време на поворките се „Вечниот Бог“, тропарот и кондак на Рождество Христово. Во самата поворка ја пееме само „Вечниот Бог“, а на бината сите 3 песни. По завршувањето и собирањето тука со децата одиме со поворка низ старата чаршија, до домот за култура и се враќаме тука повторно каде имаме обраќање на градоначалникот на Општина Прилеп и од нас координаторите на настанот. И потоа имаме делење на пакетчиња за децата кои работеа вредно и идеа на сите проби и се трудеа за се. Целта на Бадниковите поворки е да ја доближиме древната традиција која што се случувала пред многу години, а сега се возобновува еве по 15 пат, значи да се пеат христијански православни песни, каланди кои што се поврзани со нашата православна религија“, истакна Катерина Левковска, координатор на настанот.