ВИДЕО – 75 години театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп – 75 години пркос, професионалност, љубов и огромен ентузијазам


Народниот театар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп одбележува 75 години постоење. На 18 февруари 1950 година за прв пат е подигната завесата на Народниот театар со претствата „Кир Јања“. За 75 години дадени се околу 360 премиери, изиграни се над 7.000 претстави, а истите ги посетиле околу 1.700.000 гледачи.

Годинава роденденот се прославува со „Недела на театарот“ каде што публиката од 17 до февруари ќе има можност да гледа секој ден до 23 февруари по една претстава и тоа не само од прилепскиот туку и од другите театри. На 17-ти во 12 часот гостува Театарот за деца и младинци со претствата „Роња“, вечерта во 20 часот гостува театарот „Златен елец“ со претставата „Хинкеман“, во вторник, на денот на театарот е претставата „Ученикот“ на прилепскиот театар. На 19-ти е „Чернодрински се враќа дома“ од МТЦ Зона. На 20 гостува велешкиот театар со „Вечера за глупаци“, во петок гостува битолскиот театар со претставата „Кокошка“. А во саботата на 22 февруари е претставата „Бура“ од прилепскиот театар.

Во недела е главниот настан, како затворање на целата оваа недела. Наречен е од „Од Кир Јања до Ученикот“, значи од првата премиера до последната премиера, последната премиера ни е „Ученикот“ која ја дадовме во декември. Тоа е панел дискусија на која сакам сите оние љубители, прилепчани кои го сакаат театарот, сакаат да изразговараат за театарот каков бил, каков сакаат да биде, да се сретнат со нас актерите, да споделат некакви мислења, некакви чувства, некакви критики, отворени сме како театарска институција се да слушнеме. Во 18 часот тука во фоајето слободно може кој сака да дојде на таа панел дискусија, а потоа пријателите на театарот, групата The Hounds ќе имаат тука концерт, па ги поканувам прилепчани слободно да дојдат на концертот и да наздравиме за 75 години народен театар „Војдан Чернодрински“, 75 години љубов“, рече Михајло Миленкоски, раководител на Народен театар „Војдан Чернодрински“ Прилеп.

За актерите да се биде дел од овој театар е привилегија и вистинско места каде може да се расте како актер. Но прилепскиот ансамбл за жал исто така брои само 11 актери.

Во минатата година ако заприметивте нашиот репертоар има мало освежување, значи не се вработени актери, но имавме гости вработени актери, гости студенти, да дадеме една нова енергија и да им дадеме шанса. Тоа ќе биде наш приоритет како институција да им дадеме шанса, барем на актерите кои имаат завршено од Прилеп, барем еднаш да имаат шанса да се покажат, да се докажат и да покажат што знаат на сцената на овој театар, па потоа со барања, со притисоци, со молење да се вработат луѓето, ни требаат, навистина ни требаат. Се надевам и имам некое такво чувство, денеска таков е и празникот, љубов, енергија, вино, дека навистина ќе имаме позитивни резултати“, додаде Михајло Миленкоски, раководител на Народен театар „Војдан Чернодрински“ Прилеп.

Исто така за жал се слави роденден на нешто што не постои, Народен театар „Војдан Чернодрински“ кој за жал театарот од 2004 година функционира како дел од Центарот за култура „Марко Цепенков“ и не е самостојна институција Народниот театар „Војдан Чернодрински“ како што би требало да биде.

Едно од најубавите места каде можеш да добиеш прилика и можност да работиш во скоро сите продукции, затоа што сме малкумина и малтене секој од нас како актер има можност да игра во секој проект, односно во проектите одобрени од Министерство за култура, во однос на дадената година. Од една страна тоа е супер, генијално, што многумина актери немаат таква можност да бидат во постојана кондиција, но од друга страна, со оглед на тоа дека сме 11 актери, веќе станува и напорно. Сепак работиме како креативци, а не манифактура, односно производство на претстави, па и не е така пожелно да бидеме дел од сите продукции кои се случуваат во една година. Затоа е повеќе од неопходно, и тоа што го кажа Михајло што од минатата година претендираме сите наши млади актери и студенти на Факултетот за драмски уметности, кои се прилепчани, ќе звучам како локал-патриот, иако сум скопјанка, но сум прилепчанка и мислам дека го сакам Прилеп многу повеќе од сите прилепчани. Тој тренд ќе го тераме и понатаму, затоа што и тоа како е потребна новата енергија, освежување, мислам дека и самите сме си досадни, а и на публиката и требаат нови лице и треба енергија и размислување што го носи новото време на генерацијата која допрва доаѓа“, истакна Даниела Иваноска, актерка во Народени театар „Војдан Чернодрински“ Прилеп.

 За овие 75 години прилепскиот театар има постигнато огромни успеси како дома, така и во странство.

Освојувајќи награди кои се многу значајни не само за еден театар, туку општо за театарската уметност во Македонија. Од почетоците, од првата претстава која е наградена на фестивалот „Војдан Чернодрински“, а тоа е претставата „Цена“, па до последната награда минатата година од публиката што како ансамбл на театарот е многу значајна бидејќи е од публиката, вкупно се освоени некаде 15 награди на фестивалот „Војдан Чернодрински“. Но освоени се и награди на други фестивали. Најголемиот домен како театар што го постигнавме во овие 75 години е со претставата „Тапани во ноќта“, која освои 3 награди на фестивалот „МЕСС“. Потоа доаѓа претставата „Кафкаскиот круг“, со „КРЕДА“ на „Експонто“ освоени награди. Значи освен наградите на фестивалот „Војдан Чернодрински“, овие две претстави се добитници на награди и надвор од Македонија. И други претстави се наградувани на фестивали надвор од земјата, како на фестивалот во Никшиќ, сме учествувале на бројни фестивали кои се одржуваат надвор од Македонија, како во Бугарија, Србија Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора, во Германија на фестивалот во Лајпциг, во Загреб постојано сме чести гости и секако на „Војдан Чернодрински“, потенцираше Каролина Мицевска, советник за односи со јавност при ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп.

За 75 години 70 режисери ги потпишале овие претстави кои се изиграле во Прилеп, од кои рекордот го води Благоја Дамески со 62 режии, потоа доаѓа Коле Ангеловски со 24 режии на театарски претстави, а тој е режисер и на двете најгледани и најиграни претстави за овие 75 години, а тоа се „Солунски патрдии“ која е играна над 110 пати, работена по текст на Миле Попоски и претставата „Од кол на кол“ која е играна 105 пати.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи