ВМРО-ДПМНЕ тврди дека немаат разговарано за промена на химна

Facebook
Twitter
Email
Print

Од партијата на власт ВМРО-ДПМНЕ ги негираат изјавите на нивниот коалиционен партнер ВРЕДИ и тврдат дека ниту се разговарало, ниту некогаш ќе се разговара за промена на државната химна.

„ДУИ матрицата на етнизирање на сите важни прашања, и СДС пинг понг политиката треба да престане. Ниту некогаш било разговарано за промена на химната, ниту пак во иднина ќе се разговара. Граѓаните може да бидат спокојни. Времето на ДУИ и СДС на губење и порази на сите теми, со цел да се затскрие криминалот, помина“, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи