ВМРО-ДПМНЕ денеска ја поднесе Резолуцијата во Собрание и очекува од претседателот Талат Џафери што поскоро да ја стави на дневен ред на усвојување.
Ова го истакна Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ кои ги повика сите пратенички групи да стават потпис на Резолуцијата со што ќе се постигне целосен консензус околу ова прашање.
Резолуцијата е доставена до претседателот на Собранието и на неа стои Република С. Македонија, за Џафери да не им го одбие документот како невалиден.
„Резолуцијата ги штити црвените линии на нацијата и е плод на ставот на јавноста, МАНУ, УКИМ. Резолуцијата е првиот македонски документ кој претставува консензус на јавноста околу националните линии, и како таква треба да биде почитувана од сите политички чинители. Очекуваме од СДСМ да го одржи ветеното и да ја поддржи Резолуцијата, а потоа и да ја почитува, без да се обиде низ собраниски процедури да ја осуети. Време е за одговорен пристап“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.