Според најновите информации од Авто мото сојузот на Македонија, сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот, а можна е појава и на голомразица. Снег врне со променлив интензитет на цела територија во Републиката.
Забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово-Дебар, Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража, Струга граничен премин Ќафасан и Тетово-Попова Шапка каде за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема (синџири). Обилни врнежи има и на планинските премини, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец.
ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП Македонија пат, како што соопштија денеска, се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.